Османи им ги врачи акредитивните писма и на втората група Амбасадори

13 март 2021
По испраќање на првата група на Амбасадори: 👉 Данчо Марковски во Тирана 🇦🇱, Фатон Бејта во Копенхаген 🇩🇰, Шпреса Јусуфи во Приштина 🇽🇰, Сали Лимани во Нур Султан 🇰🇿, Шабан Јашари во Доха 🇶🇦, Дане Талески во Постојаната Делегација при НАТО во Брисел, Теута Агаи - Демјаха, Постојаната Мисија при ООН во Женева и Марија Ефремова во Ватикан 🇻🇦.
📍Денес им ги врачив акредитивните писма ✍️ и на втората група Амбасадори кои ќе ја претставуваат 🇲🇰 во странство.
На новите Амбасадори 👉 Сашко Тодоровски во Прага 🇨🇿, Горан Цеков во Токио 🇯🇵, Светлана Гелева во Стразбур 🇪🇺, Билјана Стефановска Сековска во Канбера 🇦🇺, Бети Јачева во Хаг 🇳🇱, Драган Јордановски во Талин 🇪🇪, Лидија Бошковска во Атина 🇬🇷 и Милаим Фетаи во Загреб 🇭🇷 им посакав среќа и успех во работата.
📍Пред нив претстојат големи предизвици и обврски да ги зацврстат пријателствата и да отворат нови перспективи за соработка во земјите на нивниот прием.
▶️ Дипломатската мрежа максимално се пополнува со професионални кадри, а до крајот на годината ќе бидат пополнети и малубројните останати центри. 🇲🇰🤝🇪🇺🇻🇦🇶🇦🇰🇿🇭🇷🇩🇰🇬🇷🇪🇪🇳🇱🇦🇺🇯🇵🇨🇿🇪🇺🇽🇰🇦🇱