Дипломатските односи помеѓу Република Северна Македонија и Кралството Холандија се воспоставени на 16 декември 1993 год.
Билатерална договорна рамка:
Склучени договори предмет на ратификација
1. „Спогодба меѓу Владата на РМ и Владата на Кралството Холандија за уредување на договорната состојба меѓу Република Македонија и Кралството Холандија“
- склучена со размена на ноти
- во сила од 11 јули 1994 година
2. „Спогодба за редовен воздушен сообраќај помеѓу Македонската Влада и Владата на Кралството Холандија“
- склучена во Скопје на 6 февруари 1997 година,
- во сила од 1 октомври 1997 година
3. „Спогодба меѓу Македонската Влада и Владата на Кралството Холандија за меѓународен патен сообраќај“
- склучена во Скопје на 15 април 1997 година,
- во сила од 1 јануари 1998 година
4. „Билатерален договор за консолидација на обврските за сервисирање на надворешниот долг на Македонската Влада кон холандските доверители“
- склучен во Скопје на 21.05.1997 година
5. „Спогодба меѓу Македонската Влада и Владата на Кралството Холандија за одбегнување на двојното оданочување и за заштита од фискална евазија по однос на данокот од доход и данокот на имот“
- склучена во Скопје на 11 септември 1998 година
- во сила од 21 април 1999 година
6. „Договор за поттикнување и заемна заштита на инвестициите меѓу Македонската Влада и Владата на Кралството Холандија“
- склучена во Скопје на 7 јули 1998 година
- во сила од 1 јуни 1999 година
7. „Спогодба за заемна административна помош за правилна примена на Царинскиот закон и за спречување, истраги и борба против царинските прекршоци меѓу Македонската Влада и Владата на Кралството Холандија“
- склучена во Хаг на 27 април 2000 година .
- во сила од 1 мај 2002 година
8. „Договор меѓу Македонската Влада и Владата на Кралството Холандија за социјално осигурување“
- склучен во Хаг на 17 октомври 2005 година
- во сила од 1 април 2007 година
8-а). „Административна Спогодба за социјално осигурување меѓу Република Македонија и Холандија“
8-б). „Договор за користење на европска картичка на територијата на Република Македонија“
- потпишан во Хаг на 18 мај 2010 година,
- во сила од 1.10.2010 година
9. „Договор меѓу Македонската Влада и Владите на Бенелукс за превземање на лица со незаконски престој“
- склучен во Хаг на 30 мај 2006 година
10. „Спогодба за укинување на визи за носители на дипломатски пасоши меѓу македонската Влада и Владите на земјите на Бенелукс“
- склучена во Хаг на 30 мај 2006 година,
- се применува од белгиска страна од 01.10.2006 година.
Договори и документи кои не подлежат на ратификација
1. „Спогодба за вработување на брачните другари на вработените во ДКП врз основа на реципроцитет.“
- Склучена со размена на ноти на 31.10.2002 година
1а) „Спогодба за измени и дополнувања на Спогодбата за вработување на брачните другари на вработените во ДКП врз основа на реципроцитет, склучена со размена на ноти на 31 октомври 2002“.
- на 25.11.2010 година со размена на ноти
2. „Меморандум за разбирање по Холандската програма за соработка со Македонската Влада“
- склучен во Скопје 08.04.1998 година
3. „Меморандум за разбирање по Програмата за соработка меѓу Холандија и Македонската Влада, 2000-2001“
- cклучен во Скопје 07.09.1999 година
4. „Меморандум за разбирање по Програмата за економска соработка меѓу Холандија и Македонската Влада, 2002-2003“
- потпишан во Скопје, на 27.02.2002.
5. „Договор за грант по Програмата за макроекономска соработка 1999 меѓу Македонската Влада и Холандската Влада“
- склучен во Скопје, на 13.05.1999.
6. „Меморандум за разбирање помеѓу Владата на РМ и Владата на Кралството Холандија за Програмата за економска соработка 2004-2005“
- Склучен во Скопје на 9 јули 2004.
7. „Меморандум за разбирање меѓу полицискиот регион Midden en West Brabant во Холандија и Биро за јавна Безбедност во рамките на МВР на РМ“
- Склучен во Скопје на 2 окомври 2004 година
8. „Меморандум за разбирање помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Холандија за јакнење на билатералните односи“
- Склучен во Скопје на 10 септември 2008 година
9. „Аранжман меѓу МВР на РМ и МВР на Холандија во областа на внатрешните работи“
- Склучен во Скопје на 23 ноември 2009 година
10. „Протокол помеѓу Македонската Влада и државите на Бенелукс (Кралството Белгија, Големото Војводство Луксембург и Кралството Холандија) за спроведување на Спогодбата помеѓу Република Македонија и Европската Заедница за преземање на лица со незаконски престој“
- склучен со размена на писма на 30 јули 2012 година.
11. „Меморандум за разбирање за техничка соработка помеѓу Министерство за финасии на Република Македонија и Министерство за финансии на Холандија“
- потпишан од холанска страна на 2.04.2013 година
- потпишан од Република Македонија на 17.04.2013 година
12. „Изјава за партнерство и соработка меѓу Република Македонија и Кралството Холандија“
- Потпишана во Хаг на 26 септември 2017 година
Договори во сила во согласност со спогодбата за сукцесија на договорите од поранешна СФРЈ
1. „Договор за издавање на виновници помеѓу Србија и Холандија“ од 28 февруари 1896 година, во сила од 28 јануари 1897 година;
2. „Договор за трговија и пловидба меѓу Кралството Југославија и Кралството Холандија“ од 28 мај 1930 година, во сила од 17 април 1932 година;
3. „Конвенција за разрешување на споровите преку пресудување, арбитажа или помирување“, од 11 март 1931 година, во сила од 2 април 1932 година;
4. „Размена на ноти во врска со реципрочно доставување на информации за кривичните пресуди против странци (реципроцитет)“ од 9 октомври 1953 година и 8 јуни 1954 година;
5. „Договор за компензација на интересите на Холандија во Југославија што се оштетени со мерките на национализација“ од 22 јули 1958 година, во сила од 25 август 1959 година;
6. „Договор во врска со регулирањето на одделни финансиски барања на Холандија“ од 9 февруари 1961 година, во сила од 21 ноември 1961 година;
7. „Спогодба за културна соработка меѓу ФНРЈ и Кралството Холандија“ од 11 август 1966 година, во сила 29 мај 1967 година;
8. „Конвенција меѓу СФРЈ и Кралството Холандија за социјално осигурување“ од 11 мај 1977 година, во сила од 1 април 1979 година;
9. „Административна Спогодба која се однесува за начините за примена на Конвенцијата меѓу СФРЈ и Кралството Холандија за социјално осигурување“ од 11 мај 1977 година, склучена на 15 мај 1977 година, во сила од 1 април 1979 година;