Биографија



Биографија


Бети Јачева е вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северена Македонија во Кралството Холандија од 3 мај 2021 година.

Родена е во 1972 година.

Од 1996 година работи во Министерството за надворешни работи, прво како помлад соработник во Одделението за меѓународно право. Во 1998 година станува раководител на тоа одделение, а во 2006 е Раководител на сектор за меѓународно право и конзуларни работи.

Во 2006 година до 2010 година е упатена на работа во Постојаната мисија при Европската Унија во Брисел, со дипломатско звање советник. Работи претежно на областите правда и внатрешни работи, особено на процесот на визна либерализација и соработка со земјите членки на ЕУ.

По враќањето во Министерството е распоредена за Раководител на Секторот за политички односи со ЕУ, во Директоратот за Европска Унија во МНР.

Во 2013 година до 2016 година, повторно е упатена на работа во Мисијата при ЕУ во Брисел, како министер-советник и заменик шеф на Мисија.

Во 2016 година е Помошник директор во Директоратот за ЕУ, а во јули 2018 година станува Директор на Директоратот за ЕУ. Во февруари 2020 година е Специјален советник на Министерот за Европска Унија.

Од 3 мај 2021 година е Амбасадор на Република Северна Македонија во Кралството Холандија, а акредитивните писма официјално ги предаде на Неговото Величество, Кралот Вилем Александер на 2 јуни 2021 година. Именувана е и за Постојан Претставник на Република Северна Македонија при Организацијата за забрана на хемиско оружје.

Во својата досегашна дипломатска кариера, покрај редовните работни обврски, таа има организирано и координирано бројни национални и меѓународни конференции, семинари и други настани поврзани со пристапниот процес на Северна Македонија во ЕУ, но и со регионалната соработка. Исто така, била и член во бројни комисии, проекти и работни групи и активно учествуваше во изработката на неколку закони.

Дипломира во 1995 година на Правниот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. 

Активно го владее англискиот јазик и на средно ниво францускиот јазик.